Европа е на пресвртница во борбата со коронавирусот поради порастот на бројот на заболени, почетокот на школската година и пристигнувањето на есента, предупреди директорот на Светската здравствена организација за вонредни ситуации, Мајкл Рајан, пренесе Макфакс.
„Време е да го прекинеме ловот на фатаморгана и да донесеме тешки одлуки за да ги заштитиме најранливите и да им овозможиме на децата да одат на училиште, па и по цена на неизбежни жртви“, рече Рајан на виртуелна прес-конеференција.
„Во Европа луѓето набргу ќе почнат да се враќаат во затворените простории. Притисокот на вирусот ќе се зголеми“, додаде тој на виртуелна прес-конеференција.
Шефот на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесус, во понеделеникот рече дека светот е далеку од крајот на епидемијата и дека бројот на починати засега е на релативно ниско ниво.