• Fri. Nov 22nd, 2024

Се укинува барањето за задолжителен КОВИД-19 сертификат за излез од земјава

Се укинува барањето за задолжителен КОВИД-19 сертификат за излез од земјава

За влез во трговските центри низ земјава повеќе нема да биде неопходен ковид-сертификат, одлучи Владата на Северна Македонија на синоќешната седница на кои беа прифатени предлозите на кризниот штаб за справување со КОВИД-19.

Од Владата соопштија дека и понатаму ќе остане обврската за задолжително носење заштитни маски за влез во моловите, додека обврска за задолжително поседување на КОВИД-19 сертификат останува за влез во угостителските објекти во составот на трговските центри.

Прифатен е и предлогот траењето на сертификатот за прележана болест од КОВИД-19, наместо досегашните 45 дена, да трае 180 дена, односно 6 месеци, сметано од датумот на позитивен ПЦР тест.

Дополнително, се укинување и одлуката со која бремените жени се ослободуваат од работа и работни обврски со физичко присуство на работното место. Истовремено Владата ја прифати и препораката бремените жени да се вакцинираат.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *