Согласно Програмата за одржување на локални патишта, општина Гевгелија во соработка со ЈПКД „Комуналец“, организираше акција за тековно одржување и санација на веќе постоечките полски патишта во атарите на населените места Богородица и Прдејци. Вработените од Јавното претпријатие со помош на механизација ги расчистија, тампонираа и проширија полските патишта, со цел да се олесни пристапот до обработливите земјоделски површини во подрачја во кои има интензивна земјоделска дејност.
– Општина Гевгелија ќе помага во приспособувањето на оштетените полски патишта во населените места од нашата општина. Овие активности за реконструкција и тампонирање на полски патишта низ сите населени места се од голема важност за земјоделците, затоа што луѓето ќе имаат полесен пристап до нивите и ќе можат непречено да ја извршуваат својата работа, истакна градоначалникот на општина Гевгелија, Сашо Поцков.