Се намалува бројот на сточари во струмичко. Миле Богалов од Босилово вели дека во селото своевремено секое домаќинство имало и овци и крави но сега ситуацијата е многу поразлична. Никој не сака да се занимава со сточарство оти како гранка не била исплатлива.
Во селото сега има едвај има околу 200 грла овци. Никој не сака да се занимава со одгледување овци и крави вели Богалов кој тврди дека трошоците биле многу поголеми отколку приходите од одгледување
Богалов вели дека и млекото имало многу со ниска цена што е една од причините за намалување на бројот на грлата во ова општина.
Од министерството за земјоделство информираа дека се подржува сточарството прекуповеќе мерки . Тече поднесувањето на барања за добивање на субвенции за трета фаза произведено и предадено кравјо, овчо и козјо млеко. Рокот за поднесување на барањата е до 5- ти ноември 2018 година. Висината на поддршката изнесува 4 денари по литар за овчо и козјо млеко, и 3,5 денари по литар за кравјо млеко.