Зголемувањето на домашното производство на електрична енергија, како и субвенционирањето на цената на струјата од страна на Владата, за што граѓаните плаќаа пет пати пониски сметки за струја ги даде очекуваните резултати, вели Дарио Николовски, директорот на Агенцијата за енергетика на Република Северна Македонија. Според него кризата што го зафати поголемиот дел во светот, особено во делот на енергенсите, кај нас е претворена во шанса и е обезбедена сигурна, стабилна и непречена испорака на енергеси без зголемување на цените.
-Цела Европа како и земји од регионот се соочуваат со енергетска криза, што доведува до зголемувањето на цената на електричната енергија, бидејќи тоа е неопходно за да се обезбеди 24-часовно снабдување со електрична енергија. Што се однесува до нашата држава, кризата ја претворивме во шанса и обезбедивме сигурна, стабилна и непречена испорака на енергеси а цените не се зголемија. Кога велам дека ја искористивме кризата, тогаш зборувам за тоа дека доминатно цел приватен сектор постави фотоволтаици за да ги намали сметките и станаа во најголем дел самоодржливи кога е во прашање електричната енегија, па така податоците покажуваат дека во последните 15 години се нема случено во зимските месеци 90% од потрошената електрична енергија кај цело стопанство да биде исклучиво од домашно производство, а само 9,8% да се од увоз, истакна Николовски и додаде дека паралелно со тоа ЕСМ во целост ја обезбеди струјата за домаќинствата иако требаше согласно законот да обезбеди само 60%.