• Fri. Nov 22nd, 2024

Се основаше Националниот Совет за високо образование и научно-истражувачка дејност

Се основаше Националниот Совет за високо образование и научно-истражувачка дејност

Во Владата беше конституиран Националниот Совет за високо образование и научно-истражувачка дејност, самостоен стручен орган кој треба да работи на обезбедување, оценување, развој и унапредување на квалитетот во високото образование и научно-истражувачката дејност во државата.

Националниот совет има обврска еднаш годишно да ги информира Собранието и Владата за предлог мерките, решенијата и препораките што ги дал за подобрување на високообразовната дејност. Се формира согласно Законот за високо образование и е составен од 15 члена – 12 професори, и по еден член од МАНУ, од деловната заедница и од студентите.

Министерката на образование и наука Мила Царовска, на членовите на Советот им го честиташе изборот во едно од најзначајните тела за високото образование и научно-истражувачка дејност. Како што соопштија од МОН, меѓу приоритетните задачи на кои треба да работи Националниот совет се незадоволителните оценки на квалитетот во високото образование, како и прашањата поврзани со студентите како што се проодноста и нивниот стандард, а негов придонес се очекува и во подготовката на новиот Закон за научно-истражувачка дејност.

„Нашите очекувања, кратко кажано, се мошне едноставни, препознавање и насочување на расположливите ресурси во насоки со најголеми придобивки и пронаоѓање на нови кои ќе постават сигурна основа за натпревар и развој“, рече министерката Царовска.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *