Во рамките на програмата на „Струмица опен фестивал“, синоќа, по седми пат се одржа трката на келнери. Вкупно 16 келнери од Струмица, Гевгелија и Радовиш учествуваа на оваа трка за најбрз и највешт келнер. Првото место го освои Тимче Андонов од Концепт кафе кој доби вредносен ваучер од 12.000 денари, а наградата му ја врачи претседателот на Советот на општина Струмица, Јосиф Христов. Второто место го освои и ваучер од 8.000 денари доби Дени Перов, ваучер од 6.000 денари за освоеното трето место доби Трајче Николов и за најпопуларен келнер беше прогласен Горан Митев кој беше награден со 3.000 денари.