Со оглед на прогласувањето вонредна состојба во нашата држава се јави потреба од донесување оваа уредба, со која се уредува одложувањето на полагањето на испитот за вештаци, како и правосудниот испит, испитот за медијатори и испитот за нотари за време на траењето на вонредната состојба.
За привремено одлагање на овие испити, Владата ги донесе уредбата со законска сила за примена на Законот за вештачењето, уредбата со законска сила за примена на Законот за правосудниот испит, уредбата со законска сила за примена на Законот за медијацијата и уредбата со законска сила за примена на Законот за нотаријатот