Полската полиција изјави дека американски турист е уапсен откако е фатен во обид да украде дел од шините на пругата на местото каде биле истоварани затворениците во озлогласениот логор од Втората светска војна.
За обидот за кражба на предмет од културно значење обвинет е 37 годишен маж кој се соочува со затворска казна до десет години. Обвинетиот ја признал вината.
Спомен -локацијата последните десет години се соочила со повеќе случаи на вандализам и кражби. Најдраматичниот случај бил во 2009 годинакога е украден знак со нацистички слоган „Arbeit Macht Frei“ (Работата ослободува) од главната врата на логорот на смртта.
Подоцна знакот е пронајден исечен на ситни парчиња.