Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад донесе oдлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,53% во однос на одлуката од 7 мај.
Од 10 мај од 0:01 часот, максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
- моторен бензин Еуросупер БС-95 – 86,00 (ден/л)
- моторен бензин Еуросупер БС-98 – 88,00 (ден/л)
- дизел-гориво Еуродизел БС (Д-Е V) – 74,50 (ден/л)
- масло за горење екстра-лесно 1 (ЕЛ-1) – 74,00 (ден/л)
- мазут М-1 НС – 44,609 (ден/кг)
Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се намалува 1,223 ден/кг и сега ќе изнесува 44,609 ден/кг.
Малопродажните цени на бензините Еуросупер БС-95 и Еуросупер БС-98, како и на Еуродизелот (Д-Е V) и на екстра-лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) не се менуваат.
Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек: кај бензините 2,939%, кај дизелот 1,523%, кај екстра-лесното масло 1,341% и кај мазутот намалувањето е 3,608%.
Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок 0,015%.