• Sat. Nov 23rd, 2024

Се намалува бројот на сезонски работници за бербата на вишни

Од година во година се повеќе се намалува бројот на сезонските работници за берба на вишни. Иако има доволно невработени, студенти, средношколци кои се слободни во летниот период и можат да заработат некој денар, сепак младите не се нафаќаат на сезонска работа. Оние пак кои сакаат да бидат сезонски работници, попрво би отишле во странство каде за истата работа ќе бидат повеќе платени и ќе добијат поголема заработувачка. Организаторите на групи во струмичко велат дека работниците го ценат својот труд, па затоа се соочуваат со овој проблем.

Кај нас, берачите добиваат само по 5 денари за килограм вишни, што е неисплатлива цена за нив. Организаторите велат дека се повеќе се влошува ситуацијата, а ако продолжат ниските цени, догодина производителите и откупувачите ќе мора сами да ги берат вишните.

Во високоразвиените европски земји нашите сезонски работници можат да заработат и околу 1000 евра месечно.