• Fri. Nov 22nd, 2024

Се излеа река Струмица поплавени се неколку деловни објекти и куќи во општина Босилово

ByВане Трајков

Dec 13, 2021

Атарот меѓу населените места Босилово и Турново под вода. Десетици хектари обработливо земјиште стана езеро а под вода се и објектите на влезот во Турново откако надојдените води во реката Струмица пробија дел од речното корито и се излеа.

Дел од вработнеите во СРЦ Хоризотн Турново велат дека не е првпат да им биде поплавена балон спортската сала и стадионот. Според нив матријалната штета е над 50 илјади евра а проблемот го лоцираат во институциите кои навремено не ги чистаат речните корита

Првиот човек на општина Босилово Ристо Манчев вели дека нивни екипи и екипи на повеќе институции се излезени на терен и работат на санирање на штетите. Паралелно ги чистат и критичните точки за да има слободен тек на надојдените води

Штети од обилните дождови  има и во општианНово Село каде надојдените водотеци од планината Беласица поплавија повеќе семејни дворови во населените места Мокрино и Мокриево а направи штети и на патниот правец кон Смоларе

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *