Во рамки на проектот за конзервација, санација и реставрација на Спомен костурницата на паднатите борци од НОВ во Струмица се изврши детално чистење и полирање на мермерот со што овој споменик на културата го поврати својот сјај.
Проектот е финансиран од Министерството за култура на РСМ во рамки на Годишната програма за работа на установата за 2024 година а истиот продолжува со реализација на фаза II односно замена на оштетените мермерни плочки со нови.