Македонија ги засилува мерките за заштита од коронавирус. Владата вечерва одлучи да се затворат сите гранични премини за премин на странски државјани, патници и возила, освен за влез и транзит на товарни возила и припадници на дипломатско – конзуларните претставништва, за кои министерството за здравство ќе даде дозвола и ќе влезат под посебни услови за заштита според протоколи на министерството за здравство. Се затвора и аеродромот во Скопје.