Вчера околу 12:30 часот на регионалниот пат Струмица – Берово настанал пожар во патничко возило во движење со германски национални ознаки, управувано од З.С.(57) од Струмица.
Пожарот го изгаснале случајни минувачи со противпожарни апарати. Нема повредени лица.