Во соработка со општина Радовиш и Министерството за образование, моментално се одвиваат неколку градежни активности во основните општински училишта.
Во ООУ „Кирил и Методиј“ во Ораовица се работи на промена на кровната конструкција на училишната зграда и монтирање на современ кров со панели.
Вредноста на овој проект со кој значително се подобрува сигурноста при вршењето на воспитно образовниот процес е вкупно 3,47 милиони денари.