• Fri. Nov 22nd, 2024

Се бетонира улицата „Христо Узунов„ во Гевгелија

Во Гевгелија се бетонира улицата „Христо Узунов“, која се наоѓа во северозападниот дел од градот. На оваа улица, по подолго време, беше поставена канализација и на тој начин беше комунално уредена. Изминативе денови изведбените работи продолжија со тампонирање на улицата и поставување ивичници, а во тек е бетонирањето на целата површина. Улицата е долга 300 метри, а е со површина од 1.200 метри квадратни, додека изведувач на работите е гевгелиската фирма „Обнова Инжинеринг“, која го доби тендерот за одржување на локалните улици.

-Со бетонирањето на улицата „Христо Узунов“ продолжуваме со акцијата за изградба и уредување на преостанатите градски улици, согласно Програмата за локални патишта и улици во општина Гевгелија во 2020 година. Станува збор за целосна изградба на оваа улица, со што ќе им се овозможи на граѓаните кои живеат на оваа и соседните улици квалитетна сообраќајна комуникација. Покрај изградбата на нови улици, летово беше извршена целосна реконструкција на една од главните сообраќајници во јужниот дел на градот – улицата „Илија Миов“. Продолжуваме и со другите активности за подобрување на локалната патна инфраструктура во општината. По поставувањето на бекатон на една помала улица во Богородица, со уредувањето на помали сокаци и тротоари со бекатон продолжуваме во Миравци и во другите делови од општината, најавува градоначалникот на Општина Гевгелија Сашо Поцков, нагласувајќи дека летово немаше никаков прекин во изведбените работи, а така ќе биде и наесен.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *