Иако е летен распуст, родителите постојано прашуваат за почетокот на новата учебна година, која ќе треба да се одвива во услови на пандемија од корона вирус.
Претставници од Министерството за образование и наука вчера го одржа првиот состанок и со тоа го започнаа стартот на разговорите за почетокот на учебната година, а од Комисијата за заразни болести велат дека сеуште е рано за да се каже како ќе биде организирана наставата. Иако, како што велат тие претставницие на МОН на состанокот отишле со кокретни предлози.
На состанокот не присуствуваше првиот човек на образованието во земјава, бидејќи министерот Арбер Адеми е позитивен на Ковид-19 и е во изолација.