• Sun. Nov 24th, 2024

Се асфалтираат 7 километри од патот Плачковица – Радовиш

Започнаа работите и асфалтирањето на новата втора делница од патот Плачковица – Радовиш од 7 километри . Патот е со  широчина од 5 метри на коловозот, со нов асфалтен слој од 6 см. Градежните работи ги изведува Македонија пат Штип. Средствата се обезбедени од Министерството за транспорт и врски.

Градоначалникот на Радовиш Герасим Конзулов смета дека догодина ќе се асфалтираат и преостанатите 7,5 километри со што целиот патен правец од Радовиш до планината Плачкоивца ќе биде асфалтиран и ќе се отворат перспективи за развој на  туризмот

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *