• Sun. Nov 24th, 2024

Се асфалтираат две улици во Сушево

Локалната самоуправа од Василево започна со изградба на две улици во населеното место Сушево. Едната е во должина од 140 метри а другата 75 метри. Ширината на улиците е по околу 3,5 метри. И двете улици ќе бидат изградени со бехатонски елементи. Моментално се работи на подготовка на теренот, негово рамнење, тампонирање и набивање на подлогата на која ќе се поставува бехатонот.Вкупниот буџет за изградба на двете улици изнесува околу 900 000 денари, средства обезбедени од општинскиот буџет.
Јанев нагласи дека локалната патна инфраструктура и во наредниот период ќе има приоритетно место во тековните активности на општина Василево.
Градежните работи на овие две улици ги изведува компанијата Пешо инженеринг и согласно Договорот истите треба да завршат во период од два месеци.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *