Гоце Арнаудов се родил во Струмица на 19 август 1954 година. Гоце беше еден од најпопуларните македонски пејачи на фолклорна музика.
Гоце уште на 10 години почнал да свири на гитара и да пее во групата на неговиот татко. Подоцна ја формирал групата „Крик“, со која се претставувал низ цела поранешна Југославија. Гоце во Македонија се вратил во 1993 година, а на сите фестивали ги освојувал првите места.
Напишал над 200 песни, учествувал на стотина фестивали, на преку 60 добил прво место. Бил прогласуван за најпопуларната личност на Македонија. На фестивалот Фолк-фест Валандово добил 22 награди, а неговите песни многупати ги имаат добиено наградите на публиката и на телевизискиот аудиториум. Неколкупати ја добивал и наградата за интерпретација на најголемиот пејач „Никола Бадев“ на фестивалот „Гоце Фест“.
Арнаудов почина на 6 декември 2011 година во болница во Франција.