• Fri. Nov 22nd, 2024

Сеуште се усогласува сумата, за колку ќе биде повисока сметката за вода на струмичани

Овој месец сметката за вода останува непроменета за жителите од Струмица.На новата белешката иако ќе стои дополнителна давачка за новат прочистителна станица за отпадни води која и официјално профункционира изминатиот месец, засега не се знае за колку пари сметката ќе е повисока.Изминатиот период ЈКП,,Комуналец,,имаа обврска да достават барање до регулаторна комисија со која ги објаснуваат потребите за дополнителните трошоци околу одржувањето на прочистителната станица.Од претпријатието велат дополнително ќе се усогласи цената за надоместокот , која засега останува непроменета.

Бенефитите кои прочистителната станица ќе ги донесе на граѓаните се огромни, пред се здрава и чиста животна средина , но и квалитетот на отпадните води ќе биде поголем се со цел повисок квалитет на земјоделското производство.

Овој надоместок постои и во предходниот Закон за водите, но Министерството за животна средина и просторно планирање планира него да го промени, со цел постигнување еднаквост помеѓу општините што имаат и оние што немаат пречистителни станици.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *