Во втората сезона на 43 Денови на македонската музика попладнево наставуваат Ивана и Ана Мазнејкови, сестрите – пијанистки од Струмица.
Во најавата за нивниот настап се вели: „Габаритот на нивната програма се чини несоодветен за нивната возраст, но ќе се изненадите од музичката и интерпретациска зрелост на овие идни ѕвезди на македонското и светско небо…“
Мазнејкови досега имаат богата историја на настани и награди на различни пијано фестивали низ земјава и Европа.