Во функција на подобрување на наставата по информатика како и предметите за кои се потребни дополнителни ИТ истражувања и анализи, семејството Јорданови од Струмица донираа 20 нови компјутери во ООУ „Никола Вапацаров“ во Струмица. Со донацијата опремен е кабинетот по информатика кој по пауза од 20 години конечно доби нови компјутери каде учениците ќе можат да ги надградуваат своите знаења и вештини во областа на ИТ технологијата.
„По цели 20 години обезбедена донација и целосно опремен Кабинетот по Информатика со нови компјутери. Огромна благодарност до семејството Јорданови“, објави Билјана Гунова одделенски наставник во ООУ „Никола Вапцаров“.
Според информациите комјутерите и потребната опрема веќе се монтирани во кабинетот по информатика и истите ќе ги користат сите ученици од 6 до 9 одделение како за предметна настава, така и за дополнителни истражувања за потребите на учениците и училиштето.
„Како родители ја имаме должноста и привилегијата да им покажеме пример на нашите деца како е да се биде добар човек. Тоа се случува кога децата се пред сѐ и пред сите! Децата се приоритет денес, вчера, утре и засекогаш“, објави Васка Љочева Јорданова од името на семејството.