• Fri. Nov 22nd, 2024

Семејството Кукиќ им пееја на седумдесетина поети од Балканот и Европа

Вечерва се одржа 4 Меѓународно онлајн поетско читање „Прозорец во светот“ што го организира Хрватското книжевно друштво во Риека, Хрватска. 

Семејството Куќиќ настапија како специјални гости на настанот, на којшто учествуваат и други уметници и изведувачи. Настанот има за цел да ги собере поетите и уметниците на едно место и да продолжат активностите на  алтернативната културна сцена во услови на светска пандемија. 

Идејата почна од поетот Валерио Орлиќ, кој пред четири седмици контактирал десетици поети со кои соработувал и учествувал на меѓународни поетски фестивали во Европа, сакајќи на тој начин да го засили гласот на поетите, но и да дадат поддршка на сите засегнати од коронакризата.

По вторпат настанот го модерираше поетот и водител Ѓорги Калајџиев, а покрај него од Македонија имаше уште десетина поети – учесници. Поети имаше и од Србија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Хрватска, Бугарија, Велика Британија, Италија, Германија и  Канада. 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *