Проектот Селектирај отпад со пријавување од мобилна апликација во Струмица не ги дава очекуваните резултати. Иако ЈП Комуналец од јуни минатата година објави дека ќе дели ќеси за пластика и хартија за домакинствата да вршат примарна селекција на отпадот, според мониторингот на Зелен Институт од Скопје околу 50 физички и правни лица покажале интерес за тој процес со кој комуналното еднаш неделно го собира селектираниот отпад.
Лилјана Поповска од Зелениот Институт смета дека општина Струмица и ЈП Комуналец ќе мора да реализираат информативни кампањи за да ја подигнат свеста кај домакинства за селекција и да го користат овој процес бидејки на тој начин ќе се намалува количеството отпад што ќе завршува на депониите.