Општина Струмица денеска ги објави повиците за подршка на спортските клубови и тренери за ова 2018 година. Како што не информираше советникот за спорт при општината Ристо Секулов за ова година планирани се околу 3 милиони и 700 илјади денари општински средства кои ќе се слеат во клубовите и спортските тренери.
,,Три милиони и 200 илјади денари се предвидени за спортските клубови кои ќе бидат исплаќани на шест рати и околу 500 илјади денари за подршка на 10 тренери по пет илјади на месец. Во делот на подршката на клубовите кој колку ќе добие зависи од пријавата односно рангот на натпреварување, масовноста на клубовите и со колку младински екипи се натпреварува. Има методологија по која се бодуваат екипите и се врши распределба. Во делот на тренерите планираме подршка на 10 тренери кои се под бирото за вработување и ова ни е трета година по ред како ги помагаме тренерите кои немаат други примања,, ни изјави Секулов
На ова тема и престојната манифестација избор на спортист но и што е потребно за струмичкиот спорт, вечерва во емисијата ВИС Спорт со Ристо Секулов советник за спорт при општина Струмица