На сите граѓани, домаќинства и компании во државата ќе им виде овозможено да произведуваат електрична енергија од обновливи извори на покривите на своите домови, а произведената енергија да ја користат за сопствена потрошувачка. Вишокот од произведената електрична енергија, пак, ќе може да ја продаваат на откупувачот или дистрибутерот на електрична енергија.
Ова денеска го најави министерот за економија, Крешник Бектеши кој кажа дека ги потпишал измените и дополнувањата на Правилникот за обновливи извори на енергија со кој се предвидува оваа одлука за производство на електрична енергија за сопствена потрошувачка.
„Со овој Правилник за обновливи извори на енергија донесен од страна на Министерството за економија кој утре ќе биде објавен во Службвен весник, а согласно реформите кои ги направивме во Законот за енергетика за 2019 година се воведуваат производителите-потрошувачи како нови учесници во пазарот со електрична енергија“, кажа министерот за економија