Непрекинато расте бројот на случаи со КОВИД – 19 во Струмица. Седум нови случаи позитивни на корона – вирусот се бележи и во денешната статистика на Министерството за здравство.
Според информациите на Центарот за јавно здравје, Струмица, случаи на КОВИД – 19 има и во градот и во населените места.