Во текот на изминатото деноноќие според статистиката на МВР за периодот (26/27.04) по однос на забраната за движење евидентирано е дека на ниво на Секторот за внатрешни работи Струмица 7 лицa не ја почитувале забраната за движење, при што приведени односно лишени од слобода 2 лица, а за останатите се земени податоци и ќе следуваат соодветни мерки.
Од страна на полициски службеници извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација, при што не се констатирани непочитувања на мерката.