• Sat. Nov 23rd, 2024

,,Сега,, се противи Агенцијата за млади и спорт да биде во Министерството за односи за заедниците

ByВане Трајков

Jun 15, 2022

Младинските граѓански организации се спротиставуваат на одлуката на Владата – Агенцијата за млади и спорт која во моментов функционира како посебен орган да биде дел од Министерството за односи со заедниците. Коалицијата Сега смета дека Агенцијата место да се унапредува таа се маргинализира иако во регионот сите држави имаат посебни министерства за млади и спорт

Според Моника Илиоска Катраџиоска од Коалицијата Сега доколку се официјализира намерата да се укине Агенцијата и таа потпадне под Министерството за односи на зедниците ќе паднат во вода намерите и владините заложби за младиснки активизам и вклучување на младите во локалните и националните политики

Од коалицијата на младински организации се надеваат дека Владата ќе ја повлече одлуката Агенцијата за млади и спорт да се реорганизира и да биде дел од Минситерството за односи во заедниците.   

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *