Социјалдемократскиот сојуз на Македонија бара од ДИК веднаш да ги коригира грешките во податоците кои според нив биле објавени во симулацијата на мандатите и во неофицијалните резултати.
„Според податоците на изборниот компјутерски центар на СДСМ, разликата во корист на коалицијата ‘Можеме’ изнесува најмалку три мандати, а во податоците презентирани од страна на ДИК забележани се сериозни недостатоци и грешки кои може да даваат неточна слика за конечниот резултат“,
се вели во соопштението од СДСМ.