• Sat. Nov 23rd, 2024

СВр Струмица – 17 прекршувања на полицискиот час

Ноќта на 05/06.04.2020 година на подрачјето на СВР Струмица 17 граѓани, од кои две малолетни лица, ја прекршиле наредбата од страна Владата на РСМ и Министерството за здравство на РСМ за време на епидемија, односно ги прекршиле предвидените забрани за движење во определен период. Тринаесет лица се затекнати на подрачјето на Полициска станица Струмица, три на подрачјето на Полициска станица Гевгелија и едно на подрачје на Полициска станица Радовиш. Во просториите на полициските станици се приведени 5 лица.
Воедно, на 05.04.2020 година до Основно јавно обвинителство Струмица се поднесени 15 кривични пријави против 15 лица, кои во претходниот период ја прекршиле забраната за движење, односно сториле кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“ по чл. 206 од КЗ на РСМ.
Со Решенија од Државен санитарен и здравствен инспекторат 12 нови лица се во домашна изолација, од кои 11 во Радовиш и 1 во Гевгелија, а воедно на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Струмица се евидирани и 6 нови лица во самоизолација.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *