• Sat. Nov 23rd, 2024

СВР Струмица ќе издава лични документи и в сабота

Секторот за внатрешни работи Струмица, Одделение за управни работи, ги известува граѓаните дека Отсеците за управни работи во Струмица и Радовиш ќе работат и во сабота (10.07.2021) со работно време од 08.00 до 16.00 часот.

Во овој термин граѓаните ќе може да ги подигнат веќе изготвените лични документи,  како и да аплицираат за издавање на нови.

Напоменуваме дека изготвени и пристигнати се сите лични документи (патни исправи, лични карти и возачки дозволи) за кои граѓаните аплицирале до 02.07.2021 година.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *