На 24.01.2022 во 20.30 часот во Полициската станица Струмица било пријавено дека М.О.(56) од село Нова маала, струмичко, бил физички нападнат во неговиот дом, при што му биле нанесени повреди и му биле одземени пари. М.О. бил пренесен во Медицински центар Струмица за укажување на лекарска помош, а увид на местото извршиле Јавен обвинител од Основно јавно обвинителство Струмица и екипа на СВР Струмица.
На 24.01.2022 во 20.35 часот во Полициската станица Струмица Т.П.(46) од Струмица пријавила дека во спортска обложувалница, лоцирана на улица „Гоце Делчев“ во Струмица В.В. го скршил мониторот од апаратот за игри на среќа. По целосно расчистување на случајот против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава.
Во текот на изминатото деноноќие според статистиката на МВР за периодот (24.01/25.01.2022), по однос на мерката за задолжително носење заштита на лицето, евидентирано е дека на ниво на Секторот за внатрешни работи Струмица 9 лица, од кои 6 во Струмица и 3 во Валандово не ја почитувале и против нив се поднесени соодветни поднесоци.