• Sat. Nov 23rd, 2024

СВР Струмица поднесе три кривични пријави за кривично дело „непостапување според здравствени прописи за време на епидемија“

СВР Струмица поднесе три кривични пријави против А.В.(46), Л.В.(35), И.Ѓ.(22), И.М.(25), сите од с.Баница, С.Т.(56) од Струмица, правно лице од Струмица и Ѓ.Ѓ.(60) од Струмица, раководител на правното лице, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствени прописи за време на епидемија“. На 05.06.2020 во 16.30 часот, И.Ѓ. и И.М. биле затекнати пред продавница како се послужени од А.В., сопственик на правното лице и со тоа ја прекршиле одлуката на Влада за забрана на движење на населението од 16.00 до 05.00 часот наредниот ден. На 01.11.2020 во 13.00 часот, С.Т. не бил затекнат во неговиот дом на ул.„Крушевска Република“ во Струмица, со што не постапил според издадено решение за изолација од Државен санитарен и здравствен инспекторат.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *