Секторот за внатрешни работи Струмица – Полициска станица за безбедност во патниот сообраќај -Струмица, ги известува граѓаните дека во претстојниот период ќе врши засилени контроли на улиците во централното градско подрачје, периферните улици како и населените места во Струмица, поради очекуваната зголемена фреквенција на учесниците во сообраќјот особено за учесниците кои управуваат велосипед со мотор, мопеди и мотоцикли.
За таа цел апелираме до сите учесници во сообраќајот на почитување на сообраќајните правила и прописи.
Ве потсетуваме дека глобите за учесниците кои управуваат велосипед со мотор, мопеди и мотоцикли се:
Нерегистриран велосипед со мотор, мопеди и мотоцикли – прекршочен платен налог по чл. 26 ст.9 од ЗИД чл.16 ст. 9 од Законот за возила, предвидена е глоба во висина од 500 евра;
Необновена полиса за осигурување на велосипед со мотор и мопеди – прекршочен платен налог по чл. 33 ст.15 Законот за возила, предвидена е глоба во висина од 100 евра на сопственикот на возилото;
Управување моторно возило пред право на стекнување со управување со моторно возило – прекршочен платен налог по чл. 225 ст. 9 од ЗБСП, предвидена е глоба во висина од 300 евра;
Управување велосипед со мотор и мопед до 50 к3 пред право на стекнување со истото – прекршочен платен налог по чл. 276 ст.4 од ЗБСП, предвидена е глоба во висина од 300 евра;
Управување моторно возило со несоодветна категорија – прекршочен платен налог по чл. 305 ст.5 од ЗБСП, предвидена е глоба во висина од 300 евра;
Управување моторно возило без да носи заштитен шлем (кација) – прекршочен платен налог по чл. 99 ст.4 и 5 од ЗБСП, предвидена е глоба во висина од 50 евра;
Управување моторно возило на површина која е наменета за движење на пешаци – мандатен налог по чл. 124 ст.3 од ЗБСП, предвидена е глоба во висина од 35 евра или 15 негативни поени;
Непочитување на сообраќаен знак согласно чл.187 ст.6 – мандатен платен налог – со глоба од 45 евра или 25 негативни поени.