Во текот на вчерашниот ден полициски службеници при СВР Струмица превзеле засилени мерки за откривање на возачи кои управувале возила со поголема брзина од дозволената на територијата на Југоистокот при што биле констатирани 86 прекршока за брзо возење.
,,На 08.09.2021 година во периодот од 08.00 до 16.00 часот Секторот за внатрешни работи Струмица презеде засилени мерки над возачи кои управуваат моторни возила со брзина поголема од дозволената. Притоа биле констатирани 86 прекршоци, од кои 2 возачи управувале возилo со брзина поголема од 50 км/ч од дозволеното, а 30 возачи управувале со брзина помеѓу 30 и 50 км/ч поголема од дозволената. За сите констатирани прекршоци биле изречени соодветни санкции.,, стои во информацијата на полицијата