• Sat. Nov 23rd, 2024

СВР Струмица: Интензивни контроли во угостителските објекти

Секторот за внатрешни работи-Струмица, во рамките на своите надлежности во претстојниот период превзема интензивни мерки и активности во угостителските објекти на подрачјето, имајќи ја во предвид зголемената бучава (гласната музика), раздвиженоста во угостителските објекти, пред се во кафулињата, на летните тераси и во дискотеките, во кои се позабележително е присуството на младите, посебно во вечерните часови, информираат од струмичката полиција.

-Активностите на полицијата се насочени  на: присуство на малолетници во угостителски објекти после 24,00 часот, точењето алкохолни пијалоци на малолетни лица и прегласната музика која неретко ги вознемирува граѓаните, а пред се оние што живеат во близина на угостителските објекти, стои во писменото известување.

                      За сите сопственици на угостителските објекти  кај кои  ќе бидат констатирани прекршоци, СВР-Струмица ќе поднесе соодветни поднесоци согласно член 8, 21 и 38 од Законот за прекршоци против јавниот ред и мир (ЗППЈРМ), а ќе биде предложена и мерка забрана за вршење на дејност во законски предвидениот период.

              Апелираме до сопствениците на угостителските објекти и граѓаните  да ги почитуваат законите. Доколку се констатира состојба спротивна на Законот истата  соодветно ќе се санкционира.

  Ваквите интензивни  мерки и активности на полициските службеници самостојно и во координација со надлежни инспекциски служби  ќе продолжат  да се реализират и  во претстојниот период.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *