Апокалиптичните визии за идината ретко вклучуваат тотално бришење на човековата раса. Но, што навистина би се случило доколку сите одненадеж исчезнеме. Замислете утре да дојде крај на светот, нукларена војна, вирус убиец или било која друга катастрофа која би ја уништила човековата раса. Како би изгледал светот тогаш?
1 месец по судниот ден
Луѓето ги нема, но инфраструктурата е сеуште тука, камерите, уличното светло и другите автоматски сервиси ќе продолжат да работат се додека не дојде до паѓање на енергетскиот систем, кој ќе предизвика истекувања на радиоактивен материјал од неконтролираните нуклеарни централи. На крајот, светлата на Земјата ќе се изгаснат за последен пат.
Светот ќе се прилагоди на загубата на највлијателниот вид, па природата ќе почне да го зазема нашето место. Најпрво ќе се ослободат животните кои ќе избегаат од разните зоолошки градини барајќи храна по напуштените градови.
5 години по судниот ден
Природата ќе почне да ги зазема градовите. Наскоро фолрата ќе почне да се шири, најпрвин разните треви, па обраснатите живи огради и дрвјата кои ќе ги уништат плочниците и патиштата. Бројните глутници домашни кучиња ќе талкаат по улиците вупуштајќи се во разни борби околу територија, враќајќи се кон однесувањето на нивните предци, волците.
Молњите ќе предизвикуваат пожари, воглавно во градските места, кои поради разните истекувања на гас ќе изгорат до темел. На други места разните шумски пожари неконтролирано ќе се шират уништувајќи се пред себе.
50 години по судниот ден
По пет декади од судниот ден, иако многу згради ќе останат да стојат, некои ќе се срушат под силата на природата. Сепак, повеќето ќе изгледааат непроменето, заради модерните материјали на изградба кои имаат долг век. Според различните услови, пластичните ќесиња ќе се распаднат во наредните 500-1000 години, додека појаката пластика ќе опстане многу милениуми.
Шумовитиот предел ќе го потврди својот притисок, пред се врз фармерските краеви, превземајќи ги пасиштата и обработливата земја. Многу од избеганите животни ќе се вклопат во сликата на градските центри.
1.000 години по судниот ден
Температурите кои пораснале заради предходните човекови активности ќе предизивкаат поларниот мраз да се стопи, што ќе доведе до полавување на пониските крајбрежни области. Градовите сега наликуваат на антички рушевини, но некои сеуште ќе може да се идентификуваат од воздух како сива област помеѓу раширеното зеленило. Повеќето од зградите кои ќе останат би биле цркви, замоци и другите објекти изградени од камен, кој е поотпорен на времето.
Иако повеќето реликти од човековото време се уништени, неговото присуство во вселената е недопрено. Некои од сателитите сеуште орбитираат околу планетата, а некои зачувачки сеуште функционираат. Voyager 1 лансиран 1977 веќе има поминато преку 20.072.554.400 километри од Земјата. Неговите системи се оддамна мртви, но тој сеуште лебди во темнината.
10.000 години по судниот ден
Поголем астероид ќе ја погоди Земјата инстантно претварајќи го во пепел тој дел од планетата. Огромниот облак од прашина ќе го блокира Сонцето во во тој дел во наредните неколку декади.
Во споредба со нашите градби и алати кои се претвараат во прашина, биологијата на планетата рапидно расте. Потомците на некогашнита домашна стока, опстанале поради нивната морфологија. Тие се намалиле и научиле да се адаптираат на сега веќе шумските предели. Големи глодари ги пресекуваат подземните терени, создавајќи тунели и огромни дувла.
500.000 години по судниот ден
Глобалното затоплување ги спречи наредните четири ледени периоди, но Земјата полека почнува да се лади. Ледот започнува да се формура околу половите за прв пат после еден милениум, и наскоро ќе се прошири кон пониските географски широчини, прекривајќи го просторот до Италија. Овие климатски промени ќе предизвикаат измуирање на многу видови. Ледот ќе ги окупира и последните остатоци од човековите градови, а неговата ерозивна сила ќе ги уништи реликтите на некогашните големи метрополи.
Кога ледот ќе се повлече, површината на планетата ќе биде тотално чиста. Наскоро единствената трага за постоењето на човекот ќе биде во длабочините на земјината кора. Voyager сеуште несвесно плови по вселената, сега веќе 28 светлосни години од дома.