На 06.04.2022 во периодот од 10.00 до 15.00 часот на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Струмица била спроведена акциска контрола за прекршоците што ги прават пешаците во сообраќајот. Притоа, биле констатирани 18 прекршоци во врска со преминување улица надвор од пешачки премин, од кои 6 во Струмица, 5 во Валандово, 4 во Радовиш и 3 во Гевгелија. Сите констатирани прекршоци биле соодветно санкционирани.