Еден од Гевгелија и шест во Струмица. Седум е вкупниот број на лица во самоизолацја или позитивни на КОВИД 19 коишто вчера гласаа во целиот југоисточен регион.
Иако бројката на лица во самоизоалција во регионот е многукратно повисока, сепак само седум од нив се пријавиле дека сакаат да гласаат и вчера го остварија своето право на глас на предвремените парламентарни избори.
Денеска гласаат болните, немоќните, изнемоштените лица, како и затворениците.
Право на глас на овие десетти парламентарни избори имаат еден милион 814 илјади и 263 гласачи.