• Fri. Nov 22nd, 2024

САД прават анализи за испраќање сили во Либија

By

Mar 10, 2016 #Свет

Американскиот генерал Тони Томас изјави синоќа дека САД подготвуваат варијанти за испраќање американски специјалци во Либија за чие ангажирање е потребно одобрување од Министерството за одбрана.

Генералот од копнените сили на САД додаде дека Либија и други делови од Африка каде е активна ИД, може да бараат „посебно специјални оперативни решенија“.

– Во Либија има организирани групи поврзани со новата влада во Триполи кои може да работат со американските командоси, изјави тој. Според него, успехот на потенцијалната мисија со специјални операции ќе зависи од успехот на либиската влада.

Томас раководи со Заедничката команда задолжена за специјални операции на САД чие седиште е во Форт Браг, Северна Каролина.

By

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *