• Sat. Nov 23rd, 2024

САД го тужат поранешниот советник за национална безбедност поради откривање доверливи информации

Тие сметаат дека книгата содржи доверливи информации и дека би ја загрозила националната безбедност.

Тужбата е поднесена еден ден откако американскиот претседател, Доналд Трамп, оцени дека Болтон со објавувањето на книгата ќе го прекрши законот.

Советот за национална безбедност на Белата куќа утврди дека работна верзија на книгата на Болтон содржи пасуси со доверливи информации за националната безбедност. Според наводите во тужбата, објавувањето на книгата би нанело „непоправлива штета“ на националната безбедност на САД, пренесе „Гласот на Америка“.

Трамп го отпушти Болтон во септември 2019 година, по 17 месеци служба на местото советник за национална безбедност.

Американскиот претседател изјави дека Болтон знае дека изнесол доверливи информации, како и дека не поминал низ целиот процес кој е задолжителен за сите поранешни вработени во администрацијата, кои имаат пристап до чувствителни информации, а сакаат да објават книга.

Секретарот за правосудство, Вилијам Бар, рекол дека секретаријатот настојува Болтон да го заврши тој процес и да ги избрише сите чувствителни податоци.

Адвокатот на Болтон, Чарлс Купер, најави одговор на тужбата.

извор: makfaks

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *