Сабота, од 12 часот протест на струмичките родителите против новиот закон за дигитални учебници. Збирното место според организаторите е влезот на градскиот парк.Родителите се придружуваат на иницијативата „Учебници и настава мора да има“ кои излегуваат на протест поради најавените реформи во образованието.
Иницијативата за в сабота закажаа протестен марш мирни протести во другите градови. Ќе поднесат и иницијатива за задолжителен референдум за реформите во образованието. Бојкотот е ставен во мирување за знаењето на децата да не трпи.
Народниот праводбранител се сретна и со Иницијативата и со Коалицијата „Менуваме“. Коалицијата нема да ги поддржи протесите на родителите. Оттаму велат дека неопходно е да се обезбедат основни услови за настава, а потоа да се размислува дигитализација. Негодувања има и околу најавата за аудио материјали за децата со оштетен вид.
Народниот правобранител смета дека сите страни треба да бидат консултирани при носење на вакви крупни промени. Потребно е сеопфатна анализа околу подготвеноста на државата за спроведување на дигитализацијата. Правобранителот вели, дигитализацијата е напредок во образованието и треба да се поддржи, но без соодветни предуслов реформата нема да ги даде очекуваните резултати.