• Sat. Nov 23rd, 2024

Рујковски од гевгелиско Миравци откако прележал корона, сега бара помош за набавка на лековите

ByВане Трајков

Dec 21, 2020

Перо Рујковски од гевгелиско Миравци бара помош од сите хумани граѓани но и од институциите бидејки нема пари да ги купи потребните лекови откако се лекувал од ковид-19 во гевгелиската болница. Тој цели 25 дена бил хоспитализиран во болнички услови и од пред некој ден се наоѓа на домашно лекување. Но со оглед дека е невработен, како што тврди нема пари со што да ги набави потребните лекарства препишани од лекарите

,, Цели 25 дена бев на лекување во гевгелиската болница. Секојдневно примав по цела рака лекарства и инфузии и успеав да го надминам најтешкото. Бев испишан пред десетина дена но сега имам друг проблем а што не можам да си ги купам лекарствата кои се уште морам да ги пијам оти немам пари за набавка,, вели Рујковски кој ја остави сметката за донации за да ги набави потребните лекови

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *