Готова е првата руска вакцина против Ковид-19 создадена од воени експерти и научници од Националниот истражувачки институт за епидемиологија и микробиологија „Гамалеја“, рече првиот заменик-министер за одбрана на Русија, Руслан Цаликов.
Тој за весникот „Аргументи и факти“ изјави дека специјалисти од Министерството за одбрана и научници од Центарот веќе направиле конечни процени за резултатите од тестирањето на вакцината.
„Сите волонтери, без исклучок, создадоа имунитет против коронавирусот и се чувствуваа нормално, така што првата домашна вакцина против овој вирус е подготвена“, истакна Цаликов.
Руското Министерство за индустрија и трговија изјави за ТАСС дека документите на 30 јуни се доставени до Министерството за здравство за регистрација на вакцината, а дозвола за тестирање на вакцината е издадена претходно во јуни. Министерството за одбрана вчера соопшти дека заедно со Центарот успешно го завршило клиничкото тестирање на вакцината врз волонтерите.
извор: Макфакс