Координаторката за развој на Националната платформа за учење од далечина Александра Ружин, на денешната прес-конференција истакна дека платформата е креирана во услови на глобална пандемија, но со цврста определба истата да остане и да претставува цврста основа за интегрирање на останатите процеси од образовниот систем.
– Да се дизајнира и развие онлајн решение кое ќе биде функционално и стабилно, и кое ќе биде модифицирано и имплементирано во реално време од над 26.000 наставници во спроведување на наставата на над 250.000 ученици во над 1.000 училишта е исклучително комплексен и динамичен процес кое во денешно време е дури и премногу амбициозно – вели координаторката