• Sat. Nov 23rd, 2024

Рок симфони од Битола вечерва го отвара музичкиот дел на Струмица опен фестивалот

ByВане Трајков

Aug 10, 2018

Камерниот оркестар на Битола насловен Рок симфони (Rock Symphony)  го отвара музичкиот дел на Струмица опен фестивалот. Концертот ќе биде во големиот градски парк кај ,,чешмичката” и струмичани и посетителите ќе можат да уживаат во нивното музицирање.

Задутре ќе се одржи второто издание на македонско-бугарската турнеја „One Lovе“ која споделува една љубов преку границите на Македонија и Бугарија. Утревечер  „Слаткаристика“, „Некст тајм“, „Графа“, „Оратница“, „Саф саунд систем“ и „Јојо ѕвездичките“ треба да ја споделат љубовта преку македонско бугарската граница под мотото ,,One love,,

Во недела  е вечер посветена на џез музикаат и ќе настапат бендовите Сашо Поповски Трио и Fierce.

Од денеска па се до 19 август Струмица ќе живее во ритамот на седмото издание на Струмица опен фестивал. На уникатните сцени на отворено ќе гостуваат најдобрите македонски, балкански и светски артисти, соопшти Здружението „Културно-забавен живот“ од Струмица, организатор на фестивалот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *