• Fri. Nov 22nd, 2024

Родители бараат второ полугодие со онлајн настава

Родители бараат второ полугодие со онлајн настава

Група родители организирани во движењето ПОДДРШКА ЗА ОНЛАЈН НАСТАВА, произлезено од  ФБ група со над 15 000 членови, за утре најавија прес конференција пред Владата на која ќе побараат второто полугодие да започна со онлјан настава.

-Во моментов имаме нагорна линија на позитивни лица на корона вирусот, па сметаме дека  нема услови за настава со физичко присуство во тесни училници, не почитување на протоколи, нетестирање на ученици и персонал, отворени прозорци во зимски услови, поради што за кратко време ќе се доведат во смрттна опасност голем број на семејства.

Бараме, најитно Министерството за здравство, заедно со Министерството за образование и наука во контекст на Владата на РСМ да донесат одлука со која второто полугодие ќе започне со онлајн настава за сите ученици. Според здравстевните стручњаци пикот на епидемијата ќе се случи на почетокот на февруари, а здравјето е приоритет на секоја држава. Посебно здравјето на децата, хроничо болните и повозрасните кои се најчести жртви на оваа болест, велат од движењето.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *